Спасувачките екипи ја спасија 17-годишната Алејна Олмез во турската област Кахраманмараш од под урнатините на зграда, 248 часа по разорните земјотреси кои ги потресоа јужните делови на Турција, јави агенцијата Анадолија.
На единаесеттиот ден од земјотресите, продолжуваат операциите за пребарување и спасување во овие подрачја.
Спасувачките тимови ја лоцираа девојката која била затрупана под урнатините на зграда во подрачјето на Дукадироглу. По нејзиното лоцирање, спасувачите успеаја жива да ја извлечат 17-годишната Олмез која потоа е пренесена во болница.
Два разорни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, на 6 февруари наутро во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик, и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Турција. Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш.
OhridNews