Американскиот интернационалец Девин Брукс кој ги бранеше боите на кошаркарскиот клуб АВ Охрид кариерата ја продолжува во тимот на Динамик од Србија.
Организираторот на играта со охридскиот состав имаше тримесечен договор, а после одигрувањето на мечевите во српското првенство ќе седне со челниците од АВ Охрид и ќе преговара за нова соработка.
Со Брукс во тимот „галебите“ го прелетаа плејаутот и обезбедија опстанок во дебитанското учество во Првата кошаркарска лига во Македонија.
– Обострано се договоривме со Брукс да се разделиме претходно од договореното, односно одма после завршувањето на мечевите во плејаутот. Тој доби шанса да одигра уште месец-два во Србија и ние не сакавме да му ја одземе шансата да заработи уште нешто. Кога ќе заврши сезоната во Србија, ќе седниме на маса и ќе ги разгледаме шансите за продолжување на соработката. – изјавија од клубот.
Со опстанокот во прволигашкото друштво „галебите“ ја исполнија главната и примарната цел пред стартот на сезоната, а за следната од клубот најавуваат далеку подобар АВ Охрид во елитата.
OhridNews