Новиот член во охридскиот кошаркарски клуб, Девин Брукс го одработи првиот тренинг со екипата по минувањето на потребните лекарски прегледи и потпишувањето на договорот.


25-годишниот Американец до сега немал слушнато за Македонија, а првите впечатоци за градот и земјата се позитивни. – Прв пат доаѓам тука и до сега немав слушнато за Македонија. Од првите средби со луѓето со кои имав можност да поразговарам наидов на топлина и гостопримство кое ќе ми помогне многу околу аклиматизацијата.


Сепак, ова нема да биде прво европско искуство за 186-сантиметри високиот кошаркар од Америка кој пред да дојде во Охрид настапувал за Винди Сити Булс во развојната лига од НБА.

– Настапував во тимот на Рапла од Малта еден период од прилика знам што ме очекува во шампионатот. Многу се разликува кошарката во Америка и Европа, но имаме можност бргу да се вклопиме во екипата. Разликите се во физикусот и агресивната игра, нас не учат да играме за кош повеќе, додека во Европа се игра доста цврста одбрана. – рече Брукс.


Американскиот интернационалец кој дејствува на позицијата организиратор на играта треба да биде од голема помош за екипата која е дебитант во елитното друштво.

– Разговарав со стручниот штаб во клубот и играчите и добро јас знам ситуацијата. Со целото мое знаење ќе се потрудам да му помогнам на екипата да оствари што подобри резултати. – заврши Американецот.


Новајлијата во АВ Охрид ќе дебитира во Купот на Македонија, а противник на „галебите“ во завршницата е составот на Фени Индустри.

Михаил Постоловски