Во знакот на домашните екипи помина деветтата рунда во Општинската фудбалска лига. На трите одиграни натпревари победи забележаа екипите кои играат на домашен терен.

Најубедлив во 9-та рунда беше тимот на Воска кој со 5-1 ја совлада екипата Св. Петар, Вапила со 5-2 славеше против Злести, додека Рудар со 3-1 го победи Вулкан. Лидерот на табелата Дебрца беше слободен.

Резултати: Вапила – Злести 5-2, Рудар – Вулкан 3-1, Воска – Св. Петар 5-1, Дербца слободна

Табела: Дебрца 18 , Воска 16, Св, Петар 10, Рудар 10, Вулкан 9, Вапила 7, Злести 5

Двојки 10-рунда: Дебрца – Воска, Св. Петар – Рудар, Вулкан – Вапила, Злести слободен

OhridNews