Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја одбранија титулата во домашното првенство, откако го совладаа Пелистер со 3-1 во финалната серија по вечерашниот триумф во Битола од 102-93.
За МЗТ Скопје ова е деветти шампионски трофеј во клупската историја, додека Пелистер го играше своето прво финале во разигрувањето за титулата.
На патот до титулата во финалето од плејофот, МЗТ Скопје Аеродром забележа два убедливи триумфи на домашен терен од 91-76 и 86-62, додека Пелистер во првиот натпревар во салата „Боро Чурлевски“ славеше со 82-79 по продолжение.
OhridNews
Фото: МЗТ Скопје