Деветгодишното основно образование во Македонија ќе стартува од следната учебна 2007/2008 година. Деветолетката ќе значи почеток на школувањето на децата на шест годишна возраст.

Школувањето ќе се организира во три периоди, од прво до трето одделение, втор период од четврто до шесто, и завршен од седмо до деветто, при што во првиот период учениците ќе бидат описно оценувани.

Карактеристиките на новиот наставен план е зајакнато изучување на мајчиниот јазик, воведување на англиски јазик од прво одделение, интегрирано изучување на природните науки во петто и шесто одделение, како и зголеми број на часови за спорт и здравствено воспитание.

Предметот информатика ќе се изучува во задолжителните предмети, во седмо и осмо одделение, а дополнително ќе биде осмислена функцијата на изборните предмети.

По првиот и вториот период, училиштата интерно ќе спроведуваат стандардизирани тестови, со цел да се види до кај оди овој модел на образование, додека после завршувањето на деветото одделени ќе се врши екстерно тестирање, од луѓе на Министерството за образование.

Нагласено е дека во следната учебна година ќе има две групи првачиња, тие што ќе тргнат со седум години и тие што ќе тргнат со шест години. Втората група на ученици ќе работи по понапредна програма, за да во четврто одделени двете групи ученици се интегрираат