Во мал автомобил Смарт успеале да влезат 19 студентки од Карачи, Пакистан, и така поставиле нов светски рекорд. На идеја дошла една од девојките додека читала за рушење на рекорд за најголема торта на светот, па одлучила да ги собере пријателките за да направат нешто необично.


Истражуавала малку на интернет и набрзо пронашла прифатлив предизвик. Повикале и официјални лица од Гинисовата книга на рекорди кои им го потврдиле рекордот. Рушењето на рекордот не  вклучувал и возење со автомобилот. Досегашниот рекорд го држеле 18 девојки од Австралија кои на почетокот на оваа година успеале да влезат во еден од најмалите автомобили на светот.