Деветнаесет годишен велосипедист од Скопје бил тешко повреден во несреќа на планината Галичица, по што им подлегнал на повредите. Несреќата се случила на 21-ви јуни 2015 година во рамки на велосипедската тура „Тур де Галичица“ која се одржа на Преспанскиот дел на планината во организација на Велосипедско планинарски клуб од Ресен.

Oд СВР Битола за OhridNews ja потврдија информацијата за трагичниот случај и информираа дека несреќата се случила во атарот на преспанското село Лескоец кај месноста Рекана.

Детали за причините и околностите под кои се случила несреќата не успеаевме да добиеме, но неофицијално дознаваме дека временските услови за време на одржување на велосипедската тура не биле поволни.

Инаку според јавниот повик за учество во велосипедската тура, од страна на организаторите е нагласено дека неопходно е носење на заштитна кацига и технички исправен планински велосипед и дека сите учесници настапуваат на сопствен ризик односно организаторот не одговара за постапките на учесниците кон самите себе ниту кон другите учесници.

OhridNews