Девет лица се повредени, од кои три потешко во судир на четири патнички возила што вчера попладне се случил во близина на селото Подмоље, крај Охрид.

Како што информираат од СВР Охрид, до несреќата дошло кога возачот на патничкото возило„југо“ од Лабуништа, при вршење претекнување удрил директно во предниот дел на патничко возило „форд“ со словенечки регистарски таблички, кое доаѓало од спротивен правец. Од ударот фордот кој бил управуван од македонски државјанин по потекло од струшко, се превртел и удрил во уште две возила кои во тој момент сообраќале на критичното место.

Во несреќата три лица се здобиле со тешки телесни повреди и се пренесени во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. Тие се задржани на лекување и се вон животна опасност. Во сообраќајката уште 6 лица се  полесно повредени, соопшти полицијата.

На местото на несреќата увид извршиле истражен судија и сообраќајната полиција, кои работат на  утврдување на причините за сообраќајката.

Ohridnews