Здравствената состојба со повредените во страотниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, 7 дена по трагичниот настан, засега е стабилна, изјави денеска на прес конференција министерот за здравство Арбен Таравари.
7 дена по несреќата немаме нов смртен случај, посочи министерот Таравари.
Тој истакна дека во Македонија хоспитализирани се 55 пациенти и никој од нив не е интубиран. Надвор од земјава се лекуваат 115 повредени, од кои 5 се во тешка состојба.
Деветмина пациенти кои се лекуваат во болниците во Македонија се очекува утре да бидат испишани и пратени на домашно лекување, рече Таравари.
Г.М.