Расте бројот на починати и заразени од Ковид 19 во земјата. Според последните информации, изминатото деноноќие починати се 9 лица: еден пациент од Охрид (48г), пациент од Виница (70г), двајца пациенти од Струмица (по 67г), од Гостивар (64г), двајца пациенти од Тетово (70 и 71г) и двајца од Куманово (68 и 77г).

Во последните 24 часа се направени 1504 тестирања, а регистрирани се 143 нови случаи на ковид-19, од кои 2 во Охрид, 2 во Струга, 43 во Скопје, 16 во Куманово, 15 Кочани, 11 во Струмица, 9 во Прилеп…

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 110 оздравени пациенти, 6 од Охрид, 5 од Струга.

Досега во земјата се направени вкупно 182.538 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 17343, бројката на оздравени пациенти е 14422, на починати е 721, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2200.

OhridNews