Едно деветгодишно момче успеало да го насамари целокупното аеродромско обезбедување во Минеаполис и без придружба и билет да се качи на авиот за Лас Вегас. Настанот се случил во неделата на аеродромот во Минеаполис. Како што јавуваат медиумите, момчето без мака ги заобиколило сите контролни пунктови на аеродромот. Сомневање кај екипажот на авион предизвикало дури кога авионот бил на пат за Лас Вегас.
Полицијата отворила истрага како би дознала од кои причини момчето отпатувало во градот на гревовите и на кој начин незабележано се качило во авионот, и тоа без документи и билет. Портпаролот на аеродромот во Минеаполис рекол дека приказната имала среќен крај, бидејќи екипажот на авионот ги презел потребните мерки и детето безбедно било вратено дома. Тој додал дека она што загрижува е начинот на кој детето успеало да го заобиколи обезбедувањето и да се качи во авионот. Според официјалните лица на аердромот, неколку часа пред да се качи во авионот момчето ручало во ресторан во близина на терминалот и заминало без да ја плати сметката.