Деветгодишното момче  Александар Гранхов и неговиот дедо Џенс, пронашле досега невидена количина на средновековни сребрени монети. Монетите ги нашле на местото каде се водела биорбата за Лунд во 1676 година.


Внукот и дедото го проучувале местото на битката, кога момчето приметило неколку ‘рѓосани монети. Ги известиле археолозите кои уште наредниот ден откопале два глинени ковчези со повеќе од 7.000 сребрени монети. Монетите се од Данска и Англија, но има и примероци од Германија и Холандија.


„Некој највејоватно ги закопал ковчезите, но не знаеме зошто. Во викиншкото време луѓето често жртвувале пари за верски обреди, но не верувам дека се работи за тоа“, изјавил археологот Матс Англерт и најавил продолжување на ископувањата.