Лим Динг Вен од Сингапур се занимава со необична работа за еден 9 годишник, пишува програми за „iPhone“.
Лим, кој оди во 4-то одделение во средно училиште, напишал компјутерска програма наречена „Doodle Kids“ која само во последните 2 недели била превземена од интернет 4.000 пати.
Програмата им овозможува на корисниците на популарниот мобилен телефон од Ејпл да цртаат со прстите по чувствителниот екран, а за цртежот да се избрише доволно е само телефонот да се протресе.
„Програмата ја напишав за своите помлади сестри кои сакаат да цртаат“ – рекол Лим.
Неговите сестри имаат 5 и 3 години.
Лим започнал да користи компјутер кога имал 2 години, а во меѓувреме научил 6 програмски јазици. Моментално работи на нова апликација за „iPhone“ која ја нарекол “Invader Wars”.