Во рамки на мисијата „Zoncolan.Olimp“, група ентузијасти од Италија на 10ти август, тргнаа на пат од планината Зонколан во Италија до планината Олимп во Грција. Овој подвиг ќе трае 40 дена, при што летачите ќе поминат низ девет земји:  Италија, Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора, Бугарија, Македонија и Грција.

Имено, италијанските пилоти, Суан Селенати и Мануел Веци, со група која ги прати, планираат да делтаплани (змeеви) да поминат пат од 1500 километри, со цел да го промовираат летањето со делтаплан и параглајдер како олимписка дисциплина, под мотото „Девет земји едно небо“.

Овој подвиг не би бил интересен, доколку пилотите не се одлучеа во периодот кога временските услови не дозволуваат летање, до следната дестинација да стигнат со пешачење.

Целото патешествие ќе биде пренесено на документарен филм кој ќе биде прикажан на фестивали во Италија и Европа и во кој ќе бидат претставени убавините на Балканот.

Во рамки на мисијата италијанските летачи денеска пристигнаа во Охрид, од каде утре ја продолжуваат мисијата кон Олимп.

OhridNews