Девет лица го загубија животот кога авион на „Туркиш Ерлајнс“ се урна денеска при слетувањето на аеродромот „Шипол“ во Амстердам, соопштија холандските власти.
Авионот од типот „Боинг 737“, во кој имало 135 патници и членови на екипажот при слетувањето се урнал и се разделил на три дела. Очевидци забележале дека од трупот на авионот излегле 50-на неповредени патници.
Првичните информации кои ги пренесоа светските медиуми говореа дека сите патници и членови на екипажот ја преживеале несреќата. Неколку часа подоцна, беше соопштено дека во несреќата загинале 9 лица, а 50 биле повредени.