Рокот за доставување на пријавите за учество на јавното наддавање трае до 29.01.2010 година, а јавното наддавање ќе се оддржи на 10.02.2010 година, во просториите на Министерството за транспорт и врски.
Согласно насоките и упатствата за уредување на плажите, за користење на плажата закупецот е должен да овозможи слободен влез за посетителите т.е да не се наплаќа надоместок за плажата, исто така закупецот е должен пред отпочнување на дејноста да прибави фискална каса, да достави доказ за лица во работен однос и соодветни дозволи за обавување на дејноста согласно урбанистичко – техничката документација.
Исто така, од страна на закупецот потребно е постојната и планираната песочна површина да се уреди во соодветна градежна рамка, да се изнивелира и попесочи со соодветен автохтон песок, постојното зеленило максимално да се почитува и дооформи со автохтони видови, хортикултурно и партерно да се уреди. Сервисниот пункт е потребно да содржи минимум 2 тушеви и санитарни јазли, соблекувални, прирачна остава за чадори, лежалки и други реквизити. Задолжително е закупецот да обезбеди служба за спасување, а исто така и да се постават информативни паноа, безжичен интернет и други погодности за забавен престој, соопшти Министерството за транспорт.