Охридските теквондисти на Меѓународниот турнир „Бугарија Опен” од А класата кој се одржа во Пловидв се покажаа во најдобро светло, освојувајќи девет одличја. На турнирот кој се одржа со физичко присуство учествуваат над 400 натпреварувачи од седум земји, вклучувајќи ја и Македонија.
Една од деветте медали е со златен сјај, две се со сребрен, а шест се со бронзен. Највредниот успех го донесе Михаил Јоноски, кој триумфираше во спаринг-борби во категорија од 12 до 13 години до 60 килограми.
Добро беше чувството да се излезе на терен после пауза од речиси две години. Ние се вложувавме максимално да тренираме како ништо да не се случува, но не беше возможно. Нетренирањето и немањето на натпревари се почувствува кај сите, но се надеваме дека сево ова ќе се смири и ќе се стабилизира теквондото и секој спорт, – изјавија од клубот, кои упатија благадорност до генералниот спонзор „ПН Метал“.
- Освојувачи на медали: