Девет нови случаи со Ковид 19 се ргистрирани во последните 24 часа од направени 3.239 тестирања, соопшти Министерството за здравство.

Новите случаи со Ковид 19 според податоците од Министерството за здравство, се по тројца во Скопје и Кичево и во Битола, Штип и Дебар по еден.

Оздравени се 13 пациенти: Куманово – 4, Скопје – 3, Виница – 2, Прилеп, Тетово, Штип и Кичево – по 1.

Починатите лица се две од Скопје на 86 и 70 години и едно лице од Тетово на 65 години. Сите пријавени се починати во болнички услови.

Во моментов во Охрид има 17 активни случаи, а во Струга 1.

OhridNews