Судот во Скопје на првообвинетиот во слулајот „Рекет“ Бојан Јовановски алијас Боки 13, му изрече казна затвор во траење од 9 години, а на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева казна затвор во траење од 7 години.
Бојан Јовановски е прогласен за виновен за примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, додека Јанева, е осудена за злоупотреба на службена положба и овластување. Јанева, која е во домашен притвор, денеска не дојде во судот да ја слушне пресудата.
Судот наложи и конфискација на предмети, брендирана облека, мебел, уметнички слики и пари од осудените лица.
OhridNews