Во спомен на жртвите ширум САД ќе се одржат повеќе комеморативни собири, со учество на повеќе видни политичари, а претседателот Барак Обама го прогласи 11- ти септември за Национален ден на сеќавање и служење на заедницата, па граѓаните се повикани да се вклучат во повеќе волонтерски акции.
Терористичките напади од 11 септември 2001 биле координирани терористички напади на неколку видни цели во САД организирани од Ал-Каеда.Терористичката група се состоела од вкупно 19 учесници од арапските земји, од кои повеќето биле од Саудиска Арабија. Тие, управувајќи четири киднапирани патнички авиони полни со гориво, се урнале во кулите-близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк и во зградата на Пентагон близу до Вашингтон.