Огромно мнозинство од египетските мажи сака синови, а некои од нив попрво воопшто не би имале деца отколку да имаат само ќерки, покажало едно истражување.

Исклучиво машки деца сакаат да имаат дури 90% од египетските мажи, е заклучокот на анкетата спроведена од Централната агенција за статистика, која покажала и дека 10 000 египќани побарале развод затоа што жените им раѓаат само ќерки.

Еден испитаник, кој има шест ќерки од три жени, се оженил по четврти пат во обид да добие син. 

J.M.