Шармантен деведесет и две годишен дедо има способност да влече автомобили со забите. Необичниот дедо е син на познатиот Моќен Атом, кој се прославил со неверојатна сила, па него го нарекуваат Моќен Атом Џуниор.
На големиот американски празник, Денот на независност, кој се слави на 4ти јули, дедото во Њујорк демонстирал како го прави тоа во живо на вестите на телевизијата Фокс.
Во таа прилика, “strongmen“ го покажал парчето кожа кое го скроил сам пред 75 години, кое го загризувал додека влече тешки работи како автомобилот. Во почетокот влечењето му одело потешко, но кога успеал да го повлече автомобилот тежок 3 800 килограми, ги изненадил сите присутни на настанот, и сите останати минувачи кои застанувале да видат за што е овој дедо способен.