Комерцијална банка е добитник на наградата за исклучителен квалитет во работењето со меѓународни плаќања, што ја доделува „Deutsche Bank AG“.
Во соопштението од Deutsche Bank AG се истакнува успешноста на тимот од Комерцијална банка кој работи на оваа проблематика.
Со оваа награда „Комерцијална банка“ ја продолжува лидерската улога во следењето и примената на најновите банкарски трендови и технологии, соопшти банката.