Предмет на наддавањето се објектите на детски одморалишта сопственост на Република Македонија, а право на учество имаат сите правни лица кои се регистрирани за вршење соодветна дејност. Повикот е јавен и отворен, со право на учество на сите заинтересирани домашни и странски субјекти.
Постапката се спроведува со јавно наддавање, согласно одредбите од Законот за користење и располагање со стварите на државните органи.
Меѓу детските одмаралишта кои ќе се продаваат не е и охридското детско одмаралиште “ Радости”. При информирањето на OhridNews за продажба на детските одмаралишта, на 3 октомври, направен е ненамерен пропуст дека се продава и охридското “ Радости” за што редакцијата на OhridNews се извинува.