Детското игралиште во Црногорци во очајна состојба. Според моменталната ситуација на терен игралиштето воопшто не е безбедно за децата, реагираат граѓаните.

Голем дел од реквизитите се искршени, заштитната ограда е оштетена, а дополнително опасност претставува и столбот со електрична енергија.

Дека игралиштето е доведено до вакав состојба од несовно однесување на граѓаните говори и фактот што игралиштето се гуши и во отпад. Покрај искршените реквизити, искршена е и кантата за отпадоци, па истиот е расфрлен насекаде, како внатре во самото игралиште, така и во околината.

Со оглед дека вандализамот е присутен, за жал, насекаде низ државата, неодамна Општина Центар поднесе иницијатива за воведување на општокорисна работа како мерка која ќе спречи вандализам од страна на малолетни сторители и ќе придонесе кон нивна ресоцијализација.

Иницијативата беше едногласно усвоена од ЗЕЛС, а истата предвидува измени на Законот за прекршочна постапка, Законот за пробација и Законот за правда за децата, а дополнително, се предлага и разгледување измени во Законот за семејство и Законот за извршување на санкции, за да се обезбеди правна рамка која ќе ја вклучи и одговорноста на родителите преку заедничка општокорисна работа.

Н.С.Ј.