Поради опструкции и несфатливи барања на албанската царинска служба, неколку илјади книги не стигнаа до Македончињата во Голо Брдо и Гора. Иницијаторот на акцијата, партијата ДОМ,  е шокиран и изразува жалење што на албанската граница беше запрена хуманитарна пратка со детски книги.

– Од екипата беа побарани апсурдни работи: севозможни документи, нелогични процедури, се бараа списоци на дозволени автори за влез во Албанија, а и согласност од тие автори нивните книги да влезат во Албанија. Не помогнаа нашите молби да ги отворат веднаш пакетите за да се уверат дека се работи само за детски книги. За малку ќе беше конфискувано и комбето со книгите. Се уште не ни се верува дека некому во 21. век може да му пречат книгите. Во овој случај детските книги на македонски јазик беа третирани како опасна супстанца. -велат од ДОМ.

Како што е познато, акцијата имаше огромен одзив и беа собрани околу
осум и пол илјади книги за деца, боенки и училишен прибор. Донатори беа
повеќе издавачки куќи, библиотеки и огромен број граѓани од Скопје,
Кавадарци, Битола и Штип.

OhridNews