По повод големиот христијански празник „Св.Јован Крстител“, вечерва со почеток во 18 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се оддржи голем концерт на Детскиот виолиниски оркестар „Анталија“ од Турција.

Според концертната програма, младите музичари, пред охридската публика ќе изведат преработки на голем број современи песни.

Концертот е во организација на ИФФОМ (International Folklore Festivals – Ohrid, Macedonia).

OhridNews