Секој родител би можел да потврди, но дека детскиот плач е најнепогоден звук на светот сега е и научно докажано. Полош е дури и од застрашувачката врева која ја прави моторната пила кога сече дрва или од гребењето со нокти по училишна табла.
До тој заклучок дошол тим американски истражувачи чија студија била објавена во списанието „Друштвена, еволутивна и културна психологија“. Истражувањето во чиј тек група волонтери била изложена на различни звуци, покажало дека најмногу вознемирува и иритира детскиот плач, на возраст од две и пол до четири години.