Ако пријатното и убаво време деновиве ве натера да ги изнесете вашите деца на чист воздух, во планот за прошетка прескокнете ja посетата на детскиот забавен парк кај каналот.
повеќе опасно отколку корисно-детското игралиште кај каналот
И покрај многуте апели и пишувања од медиумите, ова детско игралиште, донација на „Телеком“, и натаму културно пропаѓа. Играчките се руинирани, па повеќе се опасни отколку што служат за забава и разонода на децата. Во ништо подобра состојба не се ниту клупите и масите за одмор.
детското игралиште се распаѓа
За жал ова детско игралиште со идеална местроболожба можеби е и единственото од таков вид во рекреативната зона. Охрид како туристички град каде фреквенцијата на луѓе е голема речиси и да нема детски игралишта. А тие што ги има се вон употреба или се целосно запуштени.
игралиштето е уништено
Во една прилика напишавме дека она што не се одржува (ама и чува) – пропаѓа. Детското игралиште кај каналот е очигледен пример за тоа.
Г. Момироски