Детскиот анимиран филм „Курт станува зол“ („Kurt turns Evil“) ќе биде прикажан вечерва (18-ти август) со почеток во 20 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“. Проекција на овој филм, ќе има и утре и задутре (19-ти и 20-ти август) во истото време.
Филмот кој е во режија на Расмус Сивертсен ја раскажува приказната за Курт. Тој е паметен човек и е неверојатно добар возач на камион, но не секој го гледа Курт каков што тој навистина е. Еден ден, некој му кажува на Курт дека лекарите се поважни од возачите на камиони. Од тој момент самодовербата на Курт е длабоко повредена. Заедно со неговиот син Бад, Курт прави се за да стане важен. Но Курт станува зол.
Инаку според најавите, во рамки на Ревијата на анимирани филмови за деца во Центарот за култура „Григор Прличев“на 25-ти, 26- ти и 27-ми август ќе биде прикажан филмот „Мумините и потрагата по кометата“(„Moomins and the Comet Shase“).
Влезниците за анимираните филмови чинат 50 денари.
OhridNews