Охридскиот огранок на Академијата Пандев по повод патрониот празник на град Охрид „Свети Климент Охридски“ организира тридневен турнир во мал фудбал за три генерации (2002, 2004, 2006 година).
Во секоја генерација ќе се натпреваруваат по осум екипи, а натпреварите ќе се играат во спортскиот центар „Климент Колески“ .
Возбудувањата на турнирот ќе започнат в сабота кога на програмата се мечевите од 2006 година, в недела се дуелите од 2004 година, а в понеделник во најјаката генерација ќе се сретнат фудбалерите од 2002 година.
На турнирот покрај охридските екипи Академија Пандев, Еврофудбал, Фер Плеј и ФК Охрид Топ Тим ќе настапат струшките Караорман и АС Јунајтед, Ресен и Талент од Битола.
Организираторот за првите три екипи обезбеди пехари,а за најдобрите признанија и благодарници.
Мх.П.