Конечно и во Охрид да се случи вистински голем детски спектакл, на голема сцена. Станува збор за театарската претстава за деца „Трите музички прасиња”, која што по неколку пати ги полни салите низ цела Македонија. По барање на охридската публиката, закажана е оваа атрактивна детска претстава со професионални маски утре, сабота, во големата сала во Центарот за култура “Глигор Прличев” во Охрид со почеток од 12 часот.

Овој детски музички спектакл, ќе биде изведен на големата сцена со професионални маски и одлична изведба на волкот и трите музички прасиња, кои претставата ќе ја збогатат со голем број на новокомпонирани детски песни специјално направени за оваа претстава, па врз основа на тоа слободно може да се каже дека оваа претстава е и мјузикл каде што во еден глас заедно ќе се радуваат најмладите охриѓанчиња, велат организаторите.

После одиграните претстави во Скопје, Куманово, Прилеп и Битола (и тоа по неколку пати во еден град по барање на публиката), овој пат, честа ја имаат најмладите охриѓанчиња.

Резервацијата на билети може да се направи на телефонскиот број 078/66-77-97.

OhridNews