Предавачи од Австралија и САД, волонтери на Црвениот крст и Мировниот корпус на забавен и интерактивен начин, преку раскажување приказни, песни, уметност и вежби, користење на англиска библиотека, овозможуваат на 26 деца поделени во две возрасни групи од 5-7 и од 8-10 години, да учат и да го зајакнат своето знаење на англискиот јазик, да ја поттикнат и негуваат креативноста уште од најмалата возраст, но и да бидат дел од најголемото хуманитарно семејство, движењето на Црвениот крст, со што на најдиректен начин го развиваат чувството на хуманост и солидарност.
Учеството на овие часови е бесплатно, а приоритет имаат членовите на Црвен крст Охрид. Поради големиот интерес, по завршетокот на првиот циклус, детските часови за приказни ќе продолжат со друга група на деца. Црвен крст Охрид ги поканува и поттикнува сите заинтересирани да се зачленат во како би можеле да бидат активни учесници во овој и слични проекти на Црвениот крст.