В сабота (утре) со почеток во 11 часот на кејот Македонија пред Домот на културата „Григор Прличев“ ќе се одржи детската трка на која ќе учествуваат завршните групи од сите гетски градинки во Охрид.
Специјален гостин на детската трка ќе биде Дани Димотровска која е Амбасадор на светската младинска мрежа. Детската трката која заедно со Училишната трка која се одржа 23 мај се најава за главниот настан се спроведени од страна на Асоцијацијата „Спорт за сите-сите за Спорт“ и Сојузот на училишен спорт од Охрид, а е поддржана од Европската Унија, Локална агенција за развој и ЗГ Креативни и Активни од Струга.
OhridNews