Детската театарска претстава „Џинче“,  работена по мотиви на книгата „Најдобриот Џин во градот“ од Џулија Доналдон ќе биде одиграна на малата сцена во НУЦК „Григор Прличев“-Охрид во вторник, 11 март, со почеток во 19.00 часот.

Како што информираат од Центарот за култура истата е наменета за деца на возраст од 3-13 години.

Претставата е работена со сенки и Џин кој е избркан од нивниот свет. Раскажува за искреното другарство и пресрасудите. Ќе се прошетаме низ возбудлива авантура низ градот на сладоледите, ќе запловиме со чудниот капетан и ќе вкусиме мексичко бурито, посочуваат.

Влезницата за претставата изнесува 150 денари, а истата е со времетраење од 40 минути.

OhridNews