Холивудскиот пар Мила Кунис и Ештон Качер наскоро ќе станат родители. Актерката би требало да се породи секој час, а се чини дека идниот татко едвај чека да се оствари во таа улога. Имено, Ештон на Твитер се пофалил дека тој и Мила вилата на Беверли Хилс вредна 10,2 милиони долари ја припремиле за доаѓањето на детето.

Парот во детската соба поставил тобоган, плишани играчки во природна големина, детски џип и други интересни предмети. „Нашето гнездо… Дали претеравме?“ ги запрашал Ештон обожавателите. Инаку, Мила планира да се породи по природен пат, а парот неодамна открил дека многу брзо сакаат да имаат уште деца.