На репертоарот на Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид на барање на публиката денес повторно детската претстава со наслов „Лист, камен и ножички“ на Детското драмско студио (ДДС) „ДрамаКидз“ со почеток 19.00 часот, во мала сала.

Цена на карта е 150 денари.

Детското драмско студио „ДрамаКидз“ работи во рамки на НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид, целиот процес од почетокот го следат 21 члена, деца-актери на возраст од 9-14 години од сите училишта во градот.

OhridNews