Драмско студио „Цвет 75“ од Охрид студио за деца и млади, деновиве, пред учениците од ООУ „Св. Климент Охридски“, ја изведе претставата „Именден“.
Претставата е адаптација на „Пепелашка“ во почетокот на 20 век, некаде во Македонија, а интересна беше интеракцијата на учениците и ликовите од драмата, велат од од Драмско студио „Цвет 75“.
Студиото работи во две групи мала и голема и припрема претстава и со малата група. Инаку оваа година имаат снимено 40 емисии за деца и млади, кои се емитуваат на телевизија и на Јутуб. Студиото го раководи Драгана Боцеска.
OhridNews