Целосно е санирана оштетената фасада на детската градинка „Планински цвет“ во Вевчани. Директорката на институцијата Даниела Мурџеска информира дека санацијата е направена со средства на градинката со цел подобри услови за престој на најмалите.
Постојано се стремиме кон подобрување на условите за престој на децата, како внатрешниот така подеднакво ни е важно и надворешниот лик да биде уреден и привлечен за нашите дечиња, вели Мурџеска.
За идната година најави замена на внатрешните врати и прозорци, за што се предвидени 900.000 денари, преку проект на Центарот за развој на Југозападен плански регион и замена на постоечкото парно со електрични пумпи, инвестиција од околу два ипол милиони денари.
Претходно со средства обезбедени преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион беше реконструирана кујната, а беше опремена со пари од буџетот на градинката.
OhridNews