Денес во рамки на богатата програмата која за новогодишните празници ја подготви Општина Охрид за најмладите предвидена е уште една детска претстава и музичка забава.

На градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ со почеток во 12:30 часот ќе биде изведена детска новогодишна театарска претстава „Снежана и Дедо Мраз“, а во 18:00 часот ќе се одржи Новогодишен концерт на „Малите ѕвездички со К-2“.

Остануваат уште два дена во рамки на програмата каде дечињата на 30 и 31 декември ќе можат да проследат уште една театарска претстава и неколку музички настани.

Н.С.Ј.