По повод Велигденските празници во петок на 10-ти април со почеток во 14 часот, во двор на Црквата „Св.Троица“ во охридската населба Црногорци ќе се организира детска предвелигденска забава „Велики Петок“.
Забавата ја организираат учениците кои се дел од проектот „Бесплатни часови по Aнглиски јазик“, кој веќе две години се одвива во соработка со Црквата „Св.Троица“ и волонтерите од клубот „Сороптимист“.
Целта на овој проект е што повеќе деца од населбата „Црногорци“ да имаат можност бесплатно и квалитетно да го усовршат Англискиот јазик преку игри, песни, приказни, на интересен и забавен начин.
OhridNews