Викендов на градскиот стадион во Струга ќе започне третата сезона од Детската фудбалска лига од југозападниот регион во нашата држава.
Во Детската фудбалска лига покрај екипи од Струга се натпреваруваат од Охрид, Дебар и околните села од струшко.
Две сезони топ тема беа возбудувањата од Детската лига, а годинава ќе продолжат со многу поголеми амбиции од сите клубови.
Секоја сезона има новост пред почеток така и оваа, а од годинава свое место во Детската лига има генерација 2006 и 2007 година.
Мх.П.