Секоја година во светото над 1 милион деца се вовлечени во трговија со деца и детска проституција. Светските податоци говорат дека само 30% од децата жртви се откриваат и пријавуваат. Статистиките покажуваат дека децата од женски пол се пет пати почесто жртви отколку децата од машкиот пол, односно секое трето девојче и секое седмо момче се жртви на сексуална злоупотреба.. Во 89,75 % од случаите злоставувањето трае повеќе години, а во 10,25 % случаи и повеќе месеци
Во Македонија во семејството, правата на децата најмногу се почитувани од бабите и дедовците а помалку од нивните родители. Според добиените податоци во рамките на семејството најчесто прекршувањето на детските права се врши од страна на брат/сестра. При прекршување на некое право, децата најчесто се обраќаат на семејството, а помалку од 25% се обраќаат на СОС телефоните и други институции.
Генерален заклучок е дека насилството е насекаде присутно во енормно висок процент (во семејството, училиштето, улицата, меѓу врсниците). Дури 57% од децата познаваат деца кои биле удрени од страна на наставник/професор, но уште повеќе загрижува податокот што 35% од децата се информирани за постоење на насилство од страна на деца врз професорите/наставниците.
Според ченовите 19, 34, 36, 39 од оваа Конвенција за правата на детето, државите потписнички се обврзуваат да ги штитат децата од сите облици на сексуално искористување и сексуално малтретирање, да ги заштитат од физичко или емоционално насилство, злоупотреба и запоставување, од сите облици на сексуално искористување и сексуална злоупотреба, од сите други облици на експлоатација штетни за детето, и да преземат мерки за подобро физичко и психичко закрепнување, како и за социјална реинтеграција на детето кое е жртва.
Република Македонија во 1993 ја ратификуваше Конвенцијата за правата на детето а во 2002 година стана потписник и на Конвенцијата за забрана и за елиминација на најлошите видови на детски труд донесена од страна на Меѓународната организација на трудот.