Децата кои беа сведоци на масакарот во училиштето „Сенди Хук“ во САД, се враќаат во училишните клупи.

Тие од денес, ќе учат во најбезбедното училиште во Америка во соседниот град Монро. За време на наставата, родителите ќе можат слободно да ги посетуваат, односно ќе можат да седат заедно со нив. Сите оние кои сакаат да влезат, ќе бидат легитимирани од специјалното обезбедување. Единственото нешто што ги поврзува со немилиот настан, е името на училиштетот кое е преименувано во „Сенди Хук“.

Инаку, во масакарот што се случи изминатиот месец во САД, Адам Ланза усмрти 20 ученици и шест наставници, а потоа се самоуби.

OhridNews