Децата со претрпени трауми во детството, имаат генетска предизпоција за трајна промена на геномот во организмот, а со тоа се склони на стресови во подоцнежниот живот. Ова истражување, неодамна е докажано од тимот кој го проучува генетскиот состав на повеќе од 2000 деца од САД, кои претрпеле трауми и стресови во раното детство.

Тимот предводен од Елизабет Биндер од Макс Планк Институтот во Минхен, покажува дека лицата со претрпени трауми имаат посебна варијанта на „ФКБП5“ генот, кој се разликува од генот кај децата кои не се жртви на оваа негативна појава. Уште од неодамна беше познато дека токму овој ген, покажува промени во својата активност како последица на некоја потешка траума.
 
Доколку оваа генетска варијанта е присутна, таа може да доведе до стрес и да предизвика молекуларни промени во ДНК-та. Истражувачите покажуваат дека во експериментите извршени врз нервните клетки , активноста на генот се зголемува при што хормонот за „стрес“ неправилно се регулира.

Промени во гените според истражувачите се трајни. Но тие веруваат дека имаат решение да им помогнат на пациентите кои ги имаат овие наоди. Според Биндер, овие процеси можат да се променат со идните лекови на медицинските експерти од светот.

Инаку, промените во ДНК-та се резултат на трауми во детството, а истражувачите објаснуваат дека во случаите кај повозрасните единки, не е воспоставена таа молекуларна промена во гените.

OhridNews