Една студија покажа дека се` повеќе деца и тинејџери се изложени на интернет порнографија, главно после случајно отворање на експлицитни web страници додека безгрижно сурфаат по интернет.
Четириесет и два проценти интернет корисници на возраст од 10 до 17 години изјавило дека дека се сретнале со порнографија на интернет. Од вкупниот број деца, 66 % изјавило дека не сакале да гледаат слики ниту ги барале.
Online порнографија во студијата е дефинирана како слики на кои има голи луѓе или луѓе вклучени во секс.
Во истражувањето мнозинство на децата кои изјавиле дека се сретнале со сексуални содржини се на возраст од 13 до 17 години. Децата од 10 и 11 години се во помал број, но сепак се работи за 17 проценти момчиња и 16 проценти девојчиња. Повеќе од една третина 16-годишни и 17-годишни момчиња изјавиле дека намерно посетувале порнографски страници. Кај девојчињата тој број е помал, 8 проценти.
Резултатите од ова истражување се прикажани после 1500 телефонски испитувања над корисниците на интернет на возраст од 10 до 17 години, во согласност со нивните родители.
Во целина, 34 проценти од децата имало несакан контакт со online порнографија вклучувајќи мал број деца кои по сопствена желба посетило такви страници.
Истражувачите заклучиле дека е потребно „да се ограничи употребата на агресивни и лажливи тактики за реклама на интернет порнографија“, без спречување пристап до легитимни страници. Шарон Хирш, психијатар од Универзитетот во Чикаго, изјавила дека изложеноста кон интернет порнографија може да води кон прерана сексуална активност кај децата или да ги стави во ризик да постанат жртви на сексуални предатори ако ги посетат страниците каде што се чекаат деца во „заседа“.
V.List
С. Костоски