На учениците во основното училиште Ашкомб во Велика Британија им било забрането праќање честитки за денот на вљубените. Ги предупредиле дека ќе им бидат запленети сите подароци и честитки кои ќе ги најдат во училиштето. Директорот испратил писмо до родителите на сите 430 ученици, кои се на возраст од 5 до 11 години, во кои објаснил дека децата сеуште не се зрели за да го слават овој празник.
Смета дека на оваа возраст сеуште не ја сфаќаат смислата на љубовните врски. Родителите биле против политиката на училиштето, бидејќи сметаат дека нивните деца од најрана возраст треба да ги научат односите со спротивниот пол. На многу дури и им е смешна забраната, и велат дека кога децата ќе пораснат ќе им недостасува детската љубов доколку сега не ја доживеат.