Децата на Вил Смит се толку опседнати со змиите што имаат дури десет, од кои некои воопшто не се во терариум, туку слободно се движат по нивните соби. Вилоу и Џејден уживаат дури и да се мазат со нив. Вилоу љубовта кон змиите ја има уште од мали нозе и не чувствува никаков страв, напротив, дури и ги пушта во својот кревет.
Нејзиниот две години постар брат Џејден ја дели љубовта на сестра си кон овие влекачи, на ки им се обраќа на крајно бизарен начин, нарекувајќи ги свои девојки. Првата змија врста боа, Вилоу ја добила кога имала само седум години, а нејзините родители велат дека змиите станале дел од нивното семејство.