Дилан и Харпер Пен, децата на актерите Шон Пен и Робин Рајт пораснаа во сенка на своите познати и талентирани родители, па не изненадува што обајцата тргнаа по стапките на успешните родители. Инаку, папараците братот и сестрата ги фотографираа на една модна ревија во Милано, а судејќи по фотографиите, Дилан и Харпер се слика и прилила на своите родители.
Меѓутоа, освен физичкиот изглед, децата на славниот пар го наследија и талентот на своите родители. Иако се само во раните дваесетти години од своите животи, обајцата зад себе веќе имаат неколку филмови во кои играа покрај славни холивудски личности. Така Дилан се најде рамо до рамо со Кевин Спејси во филмот “Elvis & Nixon”, кој во кината треба да се појави наскоро, додека помладиот, Харпер, талентот повеќе е склон да го покажува во краткометражни остварувања. Исто така ќерката на Шон Пен е заинтересирана и за пишување, а во едно интервју откри дека напишала неколку сценарија за краткометражни филмови.